Денот на жената 8 Март

По повод денот на жената 8 Март учениците од прво одделение организираа свечена приредба. Учениците се претставија со песнички, рецитали и драматизација.

Меѓународниот ден на жената 8 Март-посета на библиотеката

Нашите ученици имаа голема чест да присуствуваат на еден поинаков историски час на кој имаа можност да размислуваат и да зборуваат за тековите на историјата на жените од македонското минато. Ги збогатија своите познавања за животот и делото на учителките Недела и Станислава Петкови и важноста на образованието на девојчињата на преминот помеѓу 19 и 20 век, а со тоа и суштински учествувавме во културата на одбележување на Меѓународниот ден на жената 8 Март.

Голема благодарност до:

м-р Фатма Бајрам Аземовска, м-р Ивана Хаџиевска, како и НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола

Меѓународниот Ден на Жентата

Приредба по повод Меѓународниот Ден на Жентата во с. Ниже Поле на 08.03.2024 г. Учениците кои го изучуваат предметот Јазик и култура на Власите со цвеќе и честитки ги даруваа припадничките на понежниот пол како чуварки на традицијата и јазикот. Во просториите на училиштето во селото беа пречекани со вкусна традиционална храна а настанот го збогатија и со песни на влашки јазик по повод 8 март.

Модул 1 -,,Квалитетно образование за сите”

На 06.03.2024 Наставници, ученици и родители активно учествуваат во проектот ,,Квалитетно образование за сите”. Изготвени се ,,Катчиња на вредности”, а следат и уште низа креативни работилници и инспиративни задачи за учениците. Успех е кога работата и задолженијата се уживање!

Новогодишен базар

Учениците на ООУ ,,Гоце Делчев”- Битола, со топло чајче, музика, забавни драмски изведби, танцови и богат продажен базар, го збогатија новогодишното расположение на битолчани.

Вработените на нашето училиште Ви ги честита новогодишните празници, а на учениците им посакуваме пријатен распуст.

Посета на Домот за стари лица „Сју Рајдер“

На 26.12.2024 учениците од прво одделение го посетија Домот за стари лица „Сју Рајдер“. Учениците со своите наставнициподготвија кратка приредба по повод навогодишните празници. Корисниците на услугите на домот добија новогодишни честитки изработени од вредните раце на првачињата.

„Зимска приказна“

На ден 25.12.2023г. во рамките на новогодишната манифестација „Зимска приказна“ ,во Старата Чаршија, учениците од VIII1,2 и 3 одделение при ООУ „Гоце Делчев“-Битола, од предметот проекти од музичката уметност под менторство на наставничката Марија Арсиќ, настапија со три музичко-драмски точки збогатувајќи го предновогодишното расположение на посетителите во Чаршијата.На истите учениците успешно ја претставија својата работа на часовите по предметот проекти од музичката уметност ,чија цел беше учениците да се покажат во улога на организатори на јавен настан,сценаристи, глумци,режисери,танцувачи и пејачи на сцена.

,, Подари честитка на своето другарче”

На ден 20. 12.2023 година, учениците од II 5 и II 6 одд. учествуваа во МИО работилница под наслов ,, Подари честитка на своето другарче”, заедно со учениците од II одд од ООУ,, Трифун Пановски,, Битола. Учениците се запознаа меѓу себе, се дружеа, соработуваа, си помагаа и поминаа прекрасни мигови во пријатна атмосфера.

Голема благодарност до домаќините за гостопримството!

Фестивалот на Малата школа на краткиот филм

На ден 3.11.2023 г. дел од учениците кои го изучуваат францускиот јазик во нашето училиште присуствуваа на проекција на филмови во рамките на Фестивалот на Малата школа на краткиот филм. Овој фестивал е во организација на здружението Aye Aye VO / Меѓународен филмски фестивал Нанси, претставувано од Тони и Блондин Гламчевски кои во соработка со Центарот за култура Битола се носители на овој настан. Здружението постои 30 години и веќе 19 години спроведува акции за едукација за младата публика преку филм. Ова е трето издание на Фестивалот на Малата школа на краткиот филм во Битола и се одржа од 30 октомври до 3 ноември, а нашите ученици имаа можност да погледнат 5 кратки филмови на различни теми, за кои потоа дискутираа со организаторите на фестивалот.

Денот на ослободувањето на градот Битола 4-ти ноември

По повод денот на ослободувањето на градот Битола 4-ти ноември, учениците од прво до петто одделение го посетија Офицерскиот дом во Битола. Офицерскиот дом е обележје на битолската и македонската архитектура. Објектот претставува културно историски споменик на градот. Учениците се запознаа со минатото на Офицерскиот дом, неговата функција од изградбата за време на Османлиското Царство се до денес. Објектот завзема значајно место во културниот и општествениот живот на Битола. Учениците се воодушевија од убавината на градбата.