Ликовна работилница

Ликовна работилница, сликање на чаши, дружење и песна на нашите ученици со корисниците при Домот за стари лица Сју Рајдер. Грижата за старите лица останува да се негува и пренесува кај најмалите ❤️

Ликовниот конкурс на тема: ,,Сонце во очите на секое дете”,

На ликовниот конкурс на тема: ,,Сонце во очите на секое дете”, распишан по повод патрониот празник на ОУ “Стив Наумов” нашата ученичка Злата Мицевска од VII 1 одд го освои првото место под менторство на ликовниот педагог Кристина Стојанова .

Прием кај претседателот Пендаровски

Голема е честа за еден наставник, а особена возбида за еден ученик да помине пријатно време во разговор со Претседателот на нашата држава, Стево Пендаровски. Посетата се реализираше во неговата резиденција на Водно. Претседателот Пендаровски, на својот фб профил изјави: „Честитки до Ана Радеска за освоеното прво место во својата категорија на меѓународната олимпијада по англиски јазик „HIPPO“ во Рим. Им честитам и на Катја Гогова и Тамара Николовски за пласманот во финалето.

Нивните медали се потврда за квалитетот којшто го поседуваат. Ги охрабрувам да продолжат да ги надградуваат своите знаења и да постигнуваат уште поголеми меѓународни успеси.“ На нашите сегашни и идни ученици им посакуваме многу успеси во иднина.

НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола

На ден 12. 10. повторно ги посетивме првачињата од ООУ „Гоце Делчев“-Битола, со цел да видиме колку од нив ги искористиле ваучерите кои ги добија како подарок од нашата библиотека за бесплатно членство. На наше големо задоволство, од голем број од првачиња добивме потврден одговор и со радост ни раскажаа дека често доаѓаат во библиотека и изнајмуваат различни сликовници наменети за нивна возраст. Посетата ја искористивме да направиме една интерактивна работилница во која тие имаа можност да се запознаат со делата „Штурецот и мравките“ и „Силјан Штркот“. Во завршниот дел од часот учениците ни покажаа како тие знаат да бидат креативни и ни ги насликаа штурецот и мравката. За крај изведовме заклучок дека книгата е непроценливо богатство за кое треба да се грижиме и да го зачуваме за идните генерации.

Благодарност до наставничката Даниела Јончевска од прво одделение и директорката Наташа Ставревска за соработката.

Манифестацијата по повод 11 Октомври

На манифестацијата по повод 11 Октомври, а во организација на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи-Битола, учествуваа и нашите ученици. Рецитаторите Ангела Ферманова, Марко Илиевски, Матеј Илиевски, Деа Атанасов – VIII 3 одделение, добитник е на трета награда на општинскиот литературен конкурс, Дарија Видановиќ и Емилија Момироска, под менторство на наставничката Емилија Прчкова и училишниот хор, под менторство на наставничката Марија Арсиќ, со своите изведби се претставија во најдобро светло.

Прием на нашите првачиња во детската организација

На 06ти октомври директорката, учениците од петто одделение и наставниците подготвија свечен прием на нашите првачиња во детската организација. За таа цел се погрижи и СВР – Битола со кратко предавање за безбедноста во сообраќајот. На крај првачињата добија книшки и мал подарок. Честитки и среќно во детската организација.👏🏼

4 Октомври, Светскиот ден за заштита на животните

Ученици од 6 (шесто ) одделение го одбележаа 4 Октомври, Светскиот ден за заштита на животните. Сопствениците на продавницата за миленичиња „Панда“ од Битола, подготвија прекрасна презентација за загрозените видови животни. Не“ охрабрија дека ПАНДАТА е веќе згрижена и во Кина е вложено многу за заштита на ова животно. Учениците имаа можност да си поиграат со малечкиот Пица кој слуша наредби на македонски, англиски и албански јазик! Ги воодушеви фактот што Св.Францис, патронот-заштитник на животните потекнува од Асиси, Италија, идната локација на светското финале на натпреварот Хипо во 2024 година.

11 издание на Олимпијадата за англиски јазик, Хипо2023

Заврши 11ото издание на Олимпијадата за англиски јазик, Хипо2023. И годинава исполнета главната цел: промоција на изучувањето на англискиотјазик, зближување на ученици од целиот свет, поттикнување на натпреварувачкиотдух кај децата и соработка на наставници по англиски јазик. Кога започна за првпатво 2013 година, на Олимпијадата учество зедоа околу 5000 ученици, за годинаватој број да надмине 83.000 од кои 223 се пласираа на светското финале во Рим,Италија.

Ученичката Тамара Николовска, која во јуни 2023 година завршидеветто одделение во ООУ „Гоце Делчев“ – Битола, натпреварувајќи се во категоријатаХипо 3, постигна одлични резултати: се пласираше како единаесетта со над 91%успех во четирите јазични вештини: слушање, читање, пишување (заедно сограматички тест) и говорење. Горди сме на нејзиниот успех и ѝ посакувамепонатамошни високи резултати како средношколка на СОУ „Гимназија Јосип Б. Тито“-Битола.

Оваа година Македонија имаше уште двe финалистки: Катја Гогова од ООУ „Петар Мусев“-Богданци, во категорија „Little Hippo“, ментор Оливера Прочкова Узунова и Ана Радеска, категорија “Hippo 3” која се пријавила на натпреварот минатата година како деветтооделенка на ООУ„Лазо Ангеловски“ по сопствена иницијатива со голема поддршка од родителите.

Во оваа прилика ја искажуваме нашата благодарност за поддршкатаукажана од страна на нашиот амбасадорво Италија, Весел Мемеди. Особена благодарност до Општина Битола зафинансиската поддршка на ученичката Тамара и менторот Сашка Делова. Општина Битола – официјална страницаSaska Delova

All reactions:

38You, Milco Stojanovski, Kristina Stojanova and 35 others

Денот на Европски јазици

ООУ „Гоце Делчев“ – Битола го одбележа 26 септември, Денот на Европски јазици. Оваа МИО воннаставна активност ја посветуваме на сите деца, пред се“ наши ученици кои, во секојдневниот живот, дома и на училиште, се служат со повеќе од два јазици.Браво за учениците од 6, 7, 8 и 9 одд — sa Zana Amedovska i Leyla Useinovska.

Членови на библиотека

И оваа учебна година НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола ја продолжува кампањата за доделување на Ваучери за едногодишна бесплатна членарина за сите ученици од прво одделение.

-Кампањата ја започнуваме со првачињата од ООУ„Гоце Делчев“- Битола на кои директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, м-р Бојан Стефановски лично им ги подели ваучерите и им посака среќен и успешен почеток на учениците од ОУ “Гоце Делчев“ од Битола заедно да ја споделиме радоста на првачињата и за успешната соработка, изјавија од Библиотеката.

Почеток на учебната 2023/24 година

Во пресрет на новата учебна година течат и последните подготовки

– Чистење и естетско уредување на училниците;

– Уредување, чистење на училишниот двор;

– Адаптирање и ставање во употреба на кабинетите по природни науки со довод и одвод на водоводна мрежа за потребите на наставата од природно- математичка група на предмети;

– Санирање на мали инфраструктурни работи, замена на стари сијалични места со нови;

Подготовка со учениците за пречек на нашите мили првачиња ❤️💙❤️💙

Драги ученици Ве очекуваме во училиште, ни недостига детскиот глас, смеа, радост и секако Вашите лудории

Среќен почеток во новата 2023/24 учебна година🍀🍀🍀

Ве сакаат Вашите наставници❤️